Мојата кујна

Здрав чоко мус

Едноставен мус што е брз и лесен за подготовка. Бидејќи авокадото и какаото се богати со здрави масти и се комбинираат со мед и растително млеко, тоа е многу здраво и вкусно.

Овој вкусен мус е одличен избор за секој што пости, е веган или вегетаријанец. Исто така е погоден за сите кои што се интолерантни на глутен, како и за оние кои ја следат Хроно диетата.

СОСТОЈКИ
2 зрели авокада
100 грама сируп од мед или јавор
40 гр какао во прав
60 мл кокосово или бадемово млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Излупете го авокадото и истурете ги сите состојки во блендер
Вклучете го блендерот и по 30 секунди исклучете го и со шпатула соберете ја смесата од страните на блендерот во средина. Вклучете го блендерот уште еднаш.
Кога имате мазна смеса, истурете ја во 4 помали чаши или 2 поголеми чаши и ладете го 10 минути додека не се зацврсти. Уживајте!

Напиши коментар