Cafe Del Mar

Златна е новата боја: нашминкајте се правилно и воодушевете ги сите околу вас!

Иако делувало дека златниот сјај околу очите нема да отиде подалеку од модните писти, сепак се случи младите жени да го прифатат овој тренд на драго срце.

Па така, некои во своите несесери со шминка ги додадоа и златните ајлајнери и со нив прават речиси неприметни, но и дебели линии на горниот раб на очите, додека долниот дел го оцртвуваат со едвај приметлива сјајна сенка.

Во некои случаи додека горниот раб го красат златни тонови, на долниот е исто така светлуцав ефектот, но на пример зеленкаст, виолетов, бронзен, дури и портокслов.

Се подразбира дека останатиот дел од шминката треба да изгледа што поприродно, т.е. да биде речиси неприметен. Доколку пак повеќе сакате да ги истакнете усните, тогаш нека се најде златниот сјај на нивната средина, на подлога со темно црвенило.

Lips makeup. Beauty high fashion gradient lips makeup sample, black with golden color. Sexy mouth closeup. Lipstick

Кога станува збор за ајлајнери, моделите се и мат, но и со силна боја, особено црвени и модри нијанси. Доволно е по линијата на трепките да ставите ниту претенка ниту предебела трага од ајлајнерот и да постигнете разиграност.

Ист ефект ќе добиете и со помош на масните сенки за очи со тоа што тогаш можете да употребите и црн ајлајнер како контраст и на тој начин уште повеќе да ја нагласите силната боја за која сте се определиле. Линиите можат да бидат сосема рамни, но дамите повеќе сакаат линијата на крајот на очите да ја извиткаат малку.

Amazing Bright eye makeup in luxurious red arrow. Red and gold shining tones, eye shadow. Close up

Напиши коментар