Една диететичарка даде шест причини.
Консултантка за исхрана и овластена диететичарка Лорен Кадилак неодамна објави графички приказ на својот Инстаграм профил во кој објаснува зошто не треба да им даваме комплименти на луѓето кои ослабеле.
Во постот, таа го напиша следново: „Искрено верувам дека луѓето се стремат да бидат добри и да дадат искрен комплимент кога ќе речат:„Боже, колку си ослабел! Изгледаш одлично!“ Но, можев да видам по себе колку штета тоа може да му направи на лицето што се обидува да симне килограми“.
Во интервју за порталот Popsugar, Лорен додаде дека никој не знае низ што поминува одредената личност.
„Од лични нарушувања во исхраната до депресија или анксиозност; идеалот што го дава совршена фигура може да направи повеќе штета отколку добро“.
Лорен, која денес се обидува да им помогне на луѓето што се борат со прехраната, објасни дека комплиментите ја натерале таа да оди уште подлабоко во нарушувања во исхраната.
Со оглед на тоа дека е многу тешко да се прифати фактот дека сте развиле нарушување во исхраната, ако некој друг ве охрабри и ви каже дека сте супер, ќе ви биде потешко да го решите проблемот.
Еве шест причини поради кои Лорен смета дека треба да престанеме да ги фалиме другите кога губат телесната тежина:
1. Со тоа, ние потсвесно го наметнуваме идеалот дека слабеењето е поубаво или поздраво за личноста која се бори со тежината.
2. Давањето комплименти придонесува за фобија од дебелината, поради што луѓето кои се дебели се чувствуваат полошо.
3. Потенцијално се фали еден од несаканите ефекти на депресија, хроничното заболување или нарушување во исхраната.
4. Ваквата реакција, иако со позитивна намера, може да предизвика нарушување во однесувањето. Лицето на кое му испративте комплимент може да мисли: „Па, ако е супер што малку ослабев, зарем не би било подобро ако ослабам уште малку?“.
5. Овој вид на однесување ја поттикнува идејата дека вредиме колку што изгледаме добро. Секоја личност е многу повеќе од неговиот или нејзиниот изглед.
6. Индиректно му даваме до знаење на лицето дека таа изгледала подебела и/или полошо порано.
Ако сте добиле коментар за вашата тежина или изгледот, Лорен смета дека зависи од вас како ќе одговорите на тоа. Ако ви предизвика непријатност, мора да ги предупредите луѓето да престанат да го прават тоа.