Алтернативната медицина, младиот кромид ја смета за неверојатно вредна и здрава намирница која делува на телото одвнатре и надвор.
Покрај тоа што помага при настинки и го намалува крвниот притисок, младиот кромид има анти инфламаторни својства и делува против габични инфекции, стрес и замор.
Подолу, проверете кои здравствени проблеми брзо се решаваат со младиот кромид.
1. Болки во грлото
Исечете го зелениот дел на парчиња, додадете малку рендан ѓумбир и сол на него, и ставете го сите заедно во крпа и загрејте. Завиткајте ја стоплената крпа во уште една и ставете на болното место.
2. Отечени нозе
Варете го зелениот дел од младиот кромид неколку минути. Измешајте го со блендер (можеби треба да додадете многу малку вода) додека смесата не се претвори во паста. Намачкајте ги отечените делови на нозете со оваа паста.
3. Одзатнување на носот
Згмечете малку перца од млад кромид и со сокот натопете парче памук. Ставете го на пределот кај носот и синусите. Кромидот ќе ја активира слузницата и ќе ги исцеди дишните патишта.