Cafe Del Mar

Зошто вежбите на Џејн Фонда и понатаму се најпопуларни во светот?

Можеме да ви кажеме со сигурност дека нашата причина за да го испробаме овој сет на вежби беше еден едноставен факт – Џејн Фонда има 82 години и тонирани мускули какви што ние никогаш не сме имале.

Југославија ја имаше Локица во 80-тите, а Америка и набрзо целиот свет ја имаа Џејн Фонда.

Во 1982 година, кога беше пуштена во употреба VHS касета со вежби за затегнување на телото, Џејн Фонда имаше два оскари на својата полица, таа беше призната и позната, па причината зошто го издаде овој прирачник за тренинг беше доста изненадувачка.

„Сакав да им дадам на жените сериозен третман на вежбање на кој секогаш може да се потпрат и во целосно класични домашни услови, бидејќи теретаната во 80-тите беше место исклучиво резервирано за мажи“, објасни легендарната актерка.

Сепак, пред да ја објави касета за вежбање, Џејн прво ја објави книгата – која беше меѓу бестселерите веќе две години. Додека пак касетата се здоби со светска популарност и се продаде во 17 милиони примероци ширум светот.

Ако се прашувате зошто, можеме да се обидеме да ви објасниме, но секако мора сами да се уверите.

Кога ќе јапуштите оваа ретро снимка, сè ќе ви изгледа нереално хумористично, но во никој случај не е, мускулите на целото тело ќе ве потсетат наредниот ден дека не е најмудро сега да се смеете.

Тајната е секако во изборот на вежби, кои се првокласни, а потоа и во начинот на кој се изведуваат – Џејн детално објаснува сè.

Исто така тука е и веселиот дух на актерката и нејзиниот ентузијазам, кој не запира ни секунда додека ги изведува вежбите и едноставно ве тера да одите понатаму, ве мотивира да не застанете.

И не застанувајте, затоа што за само две недели ќе забележите дека рацете ви се стегани, како и нозете, дека се чувствувате посилни и повитални, дека дури и вашето држење на телото е подобро. Со нетрпение очекуваме да ги видиме резултатите по два месеци.

И уште еден детаљ, згодната и весела (никогаш поубава) Џејн Фонда има 45 години на оваа снимка.

Напиши коментар