Cafe Del Mar

Зошто ви е потребен детокс на организмот?

Кога ќе почнете да се храните здраво, или барем поздраво од порано, или кога ќе преминете на веганска храна, можете да приметите некои значајни промени во вашето тело. Најпрво, со правилен детокс почнувате да се чистите и да губите килограми, поточно да ги губите мастите во телото. Покрај ова, може да ви се случи да добиете температура, настинка или вирус. Исто така, доколку нагло ги воведете промените, може да пучувствувате пад на енергијата.

Сепак, со промената на исхраната можете да бидете во одлична форма, да имате полна сила и добро здравје. Чистењето на организмот е почеток на здравиот живот, како и самата сирова храна.

Детокс на организмот е основа на доброто здравје

Што е тоа чистење на организмот? Дали е доволно да се јаде веганска храна? Дали е доволно да пиете супи од зеленчук и да грицкате морков и краставица секое трето утро? Интересно е дека постојат многу толкувања на детокс програмите и начинот на кој луѓето веруваат дека се чистат. Но, колку ги применуваме правилно сите процедури и колку нашите црева, црн дроб, жолчка и бубрези се чистат од овие програми?

Пред да започнете треба добро да се информирате, или да се зачлените во клубови кои се занимаваат со овие теми и нудат програми за детокс на организмот. Немојте да почнувате на своја рака, бидејќи можете да постигнете спротивен ефект, па дури и да си наштетите. Секој организам е индивидуален и за секого треба да се изготви посебна програма и режим на исхрана.

Напиши коментар