Блескави орнаменти во форма на ѕвездички со кои можете да ја украсите не само елката но и целата куќа – тоа ни го нуди прекрасната Марта Стјуард во својот сајт за празниците.
Што ви е потребно:
Дебел картон,
Шаблони за ѕвезди кои ќе ги најдете подолу во статијата,
Скалпел,
Лепило,
Четка за цртање,
Светки,
Начинот на работа е многу едноставен – најпрво исечете ги формите што претходно сте ги нацртале со помош на шаблонот врз картонот. Целата ѕвезда се мачка со лепило и се посипува од сите страни со светки. Посипете неколку пати за да не остане празен простор. Оставете да се исуши.


.jpg)
.jpg)
.jpg)
