За оние од вас кои од било која причина решиле својата празнична фризура да си ја направат сами, еве една феноменална идеа.

Прво, овој период неверојатно добро стои кога косата е брановидно извиткана од половината надолу. Таков ефект можете да постигнете со фигаро или виклери. При тоа ќе ја виткате косата не од корен, туку од половината надолу и откако ќе ги извиткате сите прамени испрскајте со лак.

За да придадете свечан изглед на фризурата најдобро е да додадете некој штосен аксесоар за коса и вашата празнична фризура е готова.

Можете да изберете дали ќе ја носите пуштена или прибрана во лабава пунџа. Како и да е оваа фризура е мошне актуелна и можете да сте сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор.

