Потребни состојки:
700гр пилешки гради
150гр домати
170гр моцарела сирење
1 лажица зачин за пилешко
Сол
Масло
Начин на подготовка:
Пилешките гради посолете ги, зачинете ги и кратко испржете ги на малку масло. Потоа ставете ги во плех и врз нив наредете ги кругчињата од моцарела, доматите и ставете малку босилек. Печете 10 минути во загреана рерна на 180 степени. Како прилог ставете печени компири или варен ориз.
