Покрај исхраната, за појак имунитет ви треба чист воздух, добар сон…
Токму затоа ви препорачуваме да внимавате на овие здрави навики во вашето секојдневие:
Настинката и грипот може да се пренесат со допир. Мијте ги рацете почесто. Во овој период на вируси и настинки особено треба да внимавате на хигиената. Затоа се препорачува да ги миете рацете почесто. Сапунот и водата се одлични сојузници на вашето здравје.
Чист воздух. Проветрувајте често во просторијата каде отседнувате подолго. Освен тоа што ви треба свеж воздух, познато е и дека бактериите се размножуваат на топло, па затоа не е лошо да влезе малку ладен и свеж воздух.
Квалитетен сон. Одморот и релаксацијата се предуслов за јак имунитет. Кога сте уморни тогаш и имунитетот опаѓа, па е многу веројатно да се разболете кога организмот е слаб за да се бори со вирусите.
