Потребни состојки:
– 200гр пченка за пуканки
– малку масло
– 1 лажица шеќер
За преливот:
– 200гр црно чоколадо
– 100гр путер
– 2 лажици шеќер во прав
– 2 лажици мусли од чоколадо
– 3 лажици сецкано суво овошје
– 1 лажица сецкани ореви, лешници или бадеми
Подготовка:
Во голем сад со малку масло направете ги пуканките на вообичаен начин, само наместо сол, додадете шеќер. На готовите пуканки додадете им од чоколадното мусли, сецканото суво овошје и оревите, па се добро измешајте. На пареа истопете го чоколадото заедно со путерот, додадете шеќер и мешајте се додека тој не се истопи, па прелијте ги пуканките. Пуканките ставете ги на хартија за печење и оставете чоколадото да се исуши.
