Ким Кардашијан со помош на своите сестри полека се спрема за раѓање на своето прво дете. Славната трудница посетила еден бутик за детска гардероба во Холивуд, во друштво на нејзините сестри Клои и Кортни кои сигурно ќе и помогнат да ја избере најубавата гардероба за своето бебе.
Исто така Ким ја покажала и својата нова фризура. По долго размислување, таа решила да направи шишки. Нејзината сестра Клои со себе го носела и своето ново домашно милениче кое го добила на поклон од нејзиниот сопруг Ламар Одома.



