Некогашната плантажа на овошје денеска е една од најголемите и најубавите градини на Тајланд…
На површина од преку два километри квадратни се простираат уметничките композиции на билки од целиот свет. Плодното тло на Патаја и благата клима овозможиле гење на кактуси, ананас и нежни билки на истото место. Nong Nooch е составен дел на истоимениот резорт, па некои делови од градината се домови на папагалите и слоновите. Секоја сабота се одржува шоу и парада на слоновите, кои се воедно и најголема атракција на ова место.











