Потребни состојки за кората:
– 100гр маргарин
– 100гр шеќер во прав
– 2 лажици кисела павлака
– 3 јајца
– 180гр брашно
За филот:
– 750гр замрзнати рибизли или некое друго замрзнато овошје
– 150гр шеќер во прав
Подготовка:
Растопете го маргаринот и додадете му го шеќерот, павлаката, жолчките и брашното. Направената смеса за кората оставете ја да одстои околу половина час. Потоа развиете тесто со дебелина од 2 сантиметри, врз него додадете го овошјетo и ставете го во рерна загреана на 180 степени. Претходно одвоете 100 грама овошје и од него направете пире, а од белките и шеќерот во прав изматете шлаг и измешајте го со пирето. Колачот печете го околу половина час, а потоа врз него ставете го шлагот и повторно вратете го во рерна уште дваесетина минути.
