Доколку сакте да издвоите малку повеќе финансии за да побегнете од сивилото на градовите и големите гужви, овој карибски остров е права дестинација за вас…
Целиот остров “Royal Belize”, кој се простира на 7 хектари, може да се изнајми. Во него се наоѓаат три различни видови на сместување кои се состојат од Casa Catalian, Villa Alba и Casa Valentina од кои секоја е опремена со луксузен европски и азиски намештај.
Гостите имаат шеф на кујната кој е секогаш на располагање било да се наоѓате во кревет, или под палмите на плажа. На располагање стојат и луксузни јахти кои се исто така прекрасно опремени и им овозможуваат на гостите максимално уживање за време на крстарењето по локалните тропски реки. На гостите им стојат на располагање и најразлични активности како што се планинарење, џет-скијање, риболов…











