Ријана со озбилни здравствени проблеми
Фановите чекале да почне турнеата “Diamonds World”, но Ријана веќе била присилена да откаже два настапи.
И се чини дека Ријана треба да ги почитува советите на стручњаците: поради ларингитис два пати не застанала на сцената, и тоа во Бостон и Балтимор. Според британскиот таблоид The Sun, лекарите на 25 годишната пеачка и советувале да намали со журките, пушењето и алкохолот.
– Нејзината состојба е толку озбилна што лекарите ја предупредиле дека ако продолжи со ова темпо, опоравувањето може да трае со месеци.
