Местото на кое се чини дека времето застанало, кое одишува со луксуз и уживање и каде сонот може да стане јаве…
Constance Halaveli Resort на Малдивите е едно од оние места каде заборавате на сите проблеми…
Нудејќи им на гостите луксузен островски одмор, Halaveli Resort во својата понуда има пространи вили со приватни базени. Исто така има и целокупни спа услуги, 3 опции кога е во прашање вечерата и тениски терни.
Со неверојатни подови од тешко дрво и совршено направен намештај, вилите со отворен концепт ви овозможуваат неверојатен поглед на лагуната.
За да се релаксираат, гостите можат да уживаат во масажите и спа центарот, или да одат на риболов. Доколку редовно вежбате, не морате ништо да пропуштите, бидејќи овој комплекс има и совршено опремен фитнес центар. Ресторанот Jahaz сервира интернационални јадења и достапен е за доручек и вечера.
Луксузниот Constance Halaveli резорт се наоѓа на 35 минути возење со авион. Превозот од и до аеродром е обезбеден.
























