Пред само неколку дена Крис Браун во едно интервју изјавил дека Ријана е прекрасна личност и дека му биле потребни години да ја увери дека се сменил, а сега изјавил дека нивната врска е (повторно) прекината.
Во интервјуто за радио “Power 106” пеачот на прашањето дали се тој и Ријана во врска одговорил:
-О, не – тоа кратко и јасно го одговорил.
Споменетата радио станица ова го објавила на својот Твитрер профил, па фановите почнале да се прашуваат дали оваа вест е воопшто точна.
Од друга страна пак, Ријана на својот Твитер профил напишала:
-Ова е грозно – но набрзо го избришала твитот.
