Бубрезите се важни за здраво функционирање на телото бидејќи го регулираат крвниот притисок, равнотежата на водата и електролитите и ги елиминираат штетните матреии од организмот.
Имајте на ум дека штетата нанесена на бубрезите често не може да се поправи, затоа внимавајте на следните навики, и доколку сте во можност, исправете ги!
– Долготрајно користење на аналгетици. Употребата на апчињата против болки, посебно во големи количини, штетно делува на ткивото и структурата на бубрезите. И лековите кои се добиваат со рецепта и оние без можат да влијаат на намлување на протокот на крвта во бубрезите.
– Исхрана збогатена со шеќер. Конзумирање на премногу шеќер води во здравсвен проблем како што е дијабетисот и гојазноста – а тоа се различни фактори за заболување на бубрезите.
– Премногу сол. Многу солена храна може да го зголеми крвниот притисок. Високиот притисок ги оштетува бубрезите па, може да доведе и до откажување на бубрегот.
