Денеска решивме да ви представиме еден модерен и исклучително стилски дом во Торонто, Канда, кој најмногу не импресионираше со своите чисти линии и класични бои.
Дело на архитектите од архитектонското студио “Cecconi Simone” , овој дом може на прв поглед да ви се стори “тежок” , но бидете сигурни дека е многу размислувано за секој аспект од внатрешното решение.
Во овој дом со површина од 662 метри квадратни, се одделуваат главно три зони – кујна, дневна и соба за спиење. Тој ги комбинира во себе едноставните, чисти линии и истовремено совршениот ентериер дизајниран во бела, црна и темно кафена боја.
Исто така, не можеме, а да не забележиме како телевизорите (во кујната и дневната соба) се вградени стилски во декоративни лизгачки зидови.
Дискретната светлина во кујната и ходникот придонесуваат за таинствена атмосвера.













