Денеска решивмe да ви представиме една куќа, чија магија буквално не маѓепса! Сами видете зошто…
Оваа уникатна куќа спокојно може да ги представува стандардите за луксуз, стил и вкус!
Таа се наоѓа на падините на Signal Hill во Кејптаун, Јужна Африка и е со поглед на брегот на Атлантскиот Океан и историскиот остров Робен.
Внатрешноста е изразена во пастелни бои и блеска со мебел од висока класа и специјално увезени дизајнерски примероци.
Удобно опремената тераса се прелева во дневната и трепезаријата на првиот кат. Базенот со неверојатен поглед ќе ве остави без зборови.
















