ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 мали и сочни слатки јаболки
300гр шеќер
20гр путер
1 лажица бело вино или јаболков оцет
1 лажица вода
30мл павлака 920-30% масленост)
Дебели дрвени стапчиња за еднократна употреба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Одстранете ги дршките на јаболката и на нивно место ставете ги стапчињата:

Сите останати состојки ставете ги во тенџере

Варете на умерен оган 15-20 минути, додека смесата не стане златна

Потопете ги јаболката во смесата и ставете ги да се исцедат на кујнска хартија.

Почекајте карамелата да се зацврсти и уживајте во вкусните јаболки.

