Потењето е нормална и здрава појава, но понекогаш може да ни предивика проблеми и да не доведе во непријатна ситуација. Иако постојат козметички препарати кои ефикасно ги спречуваат непријатните мириси понекогаш тоа не е доволно.
Редовната дневна хигиена која вклучува туширање и нанесување на дезодоранс е најдобар начин за спречување на непријатниот мирис, но потребно е да се посвети внимание и на некои секојдневни навики. Доколку и покрај хигиенската рутина не можете да го избегнете непријатниот мирис од пот применете некој од овие совети:
– Редовно одстранувајте ги влакненцата под пазувите на кои се собираат дополнителни бактерии.
– Јадете помалку месо, особено црвено и избегнувајте брза и зачинета храна.
– Избегнуввајте алкохол и намирници кои влијаат на мирисот на пот како што е лукот.
– Носете исклучително гардероба од природен матерјал.
– Дневно испиете еден литар чај од жалфија, бидејќи тој ефикасно го намалува потењето.
– Еднаш или повеќе пати неделно направете пријатна купка и во неа додадете една чаша природен јаболков оцет.
– Избегнувајте конзумирање на претерано ладни или врели пијалоци, бидејќи тие предизвикуваат зголемено потење.
