ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*500гр јагоди
*55гр шеќер
*3 лажици балсамико оцет
*250гр сирење “маскарпоне”
*2 лажици шеќер во прав
*1 лажиче есенција од ванила
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги миеме и ги сечеме јагодите на тенки парчиња.
- Во еден сад ги мешаме јагодите, оцетот и шеќерот. Го покриваме садот и го оставаме во фрижидер околу 20 минути.
- Во меѓувреме, во мал сад го мешаме сирењето маскарпоне, шеќерот во прав и есенцијата од ванила.
- Земаме 4 чаши за сервирање. Ставаме малку од смесата со јагоди, одозгора маскарпоне и така до врвот на чашата.
- По желба на врвот декорираме со јагоди.
