ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500гр спанаќ
* 3 чешниња лук
* 80гр сирење
* 3 јајца
* 1 кофичка кисело млеко
* 40гр путер
* 1 лажица брашно
*0,5 чаши вода
*1 лажица оцет
* црвен пипер
* бибер
* сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Во тава го растопуваме путерот и го додаваме спанаќот.
- Додаваме лук, сол и црн пипер.
- Во чинија го мешаме киселото млеко, брашното, сирењето и малку оцет.
- Го истураме врз спанаќот.
- Смесата ја распределуваме во чинии и во средината ставаме по едно јајце, малку сол, малку масло, црвен и црн пипер.
- Печеме во рерна.
