Очигледно, Елизабета Каналис (33) ужива во својата нова врска со Мекад Брукс (31). Поранешната девојка на Џорџ Клуни го изведе новиот дечко на шопинг во својата родна земја Италија, поточно во Милано. Притоа одлично се забавуваа. Мекад и делел совети и комплименти на својата девојка во врска со облеката која ја пробувала, а и самиот си купил неколку нови парчиња.
Од продавницата излегле насмеани и со куп кеси во рацете. Не ги разлутиле ни папараците, кои постојано ги следат.
Е сега кој кому му купува, тоа не знаеме. Ќе мора да се консултираме со продавачките во елитната продавница:)





