Топло му препорачуваме на секое младо семејство да се запознае со уставот за трајна и хармонична љубов. Ова ќе ви заштеди многу недоразбирања и проблеми. Ако не верувате, прашајте ја жената.
Значи, деца и сопрузи, читајте, помнете и почитувајте!
“* Мама секогаш е во право.
*Дури и кога греши – мама сепак е во право.
*Мама не вреска – таа ти го привлекува вниманието на важните нешта.
*Мама не те кара – таа те советува.
*Мама не ти труби над главата – таа ги нагласува деталите.
*Мама не спори – таа ја објаснува ситуацијата.
*Мама не виси на интернет – таа е во чекор со времето.
*Мама не се тркала на каучот – таа медитира.
*Мама не е мрзлива – таа понегоаш само се одмора.
*И покрај хумористичниот акцент на горенаведените правила, вистината е дека што и да се случи, мама секогаш ќе биде до нас!”
