Мојата кујна

Пржени банани со мед и цимет

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 банана

* 1 лажица мед

* пола лажица масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Исечете ја бананата на кругчиња.
  • Во еден сад измешајте го медот со половина лажица вода и оставете го на страна.
  • Ставете масло во тавата за пржење и ставете ја на оган на средна температура.
  • Откако маслото малку ќе се загрее, наредете ги бананите и пржете ги на секоја страна една до две минути, односно додека не добијат златно-жолта боја.
  • Откако ќе ги превртите на другата страна, веднаш додадете ја мешавината од мед и вода и исклучете ја ринглата.
  • Оставете нека се крчка не повеќе од една минута. Извадете ги бананите во друг сад, попрскајте ги со малку цимет и сервирајте.

Write A Comment