Среќата понекогаш бара да се откажеме од некои работи. Работи кои ни ја напаѓаат и ни ја крадат радоста. Како еве овие! Само престани да ги правиш и еве види што ќе се случи…
Прастани да го трошиш времето со погрешни луѓе
Подари го на оние кои те исполнуваат со позитивизам, те инспирираат да го менуваш животот кон подобро, го гледаат и го поттикнуваат потенцијалот во тебе.
Престани да бегаш од проблемите
Така никогаш нема да избегш! Единствениот начин е да ги оставиш да си одат, исправајќи се лице в лице со нив.
Престани да се залажуваш
Вистината ги отвора вратите, а способноста да се биде искрен со себе, е начинот да се живее животот на најневеројатен начин. Може да звучи чудно, но еден од најголемите ризици е оној да бидеме искрени со себе, да го слушаме своето срце. Знаеш сепак – животот не вреди без ризици?!
Престани да се занемаруваш
Доколку дојдеш во ситуација во која се чувствуваш изгубен, бидејќи си се посветил премногу на некој друг, престани. Не заборавај дека за да можеш да ги сакаш другите, мора прво да се сакаш себе. Затоа обрни си внимание, разгали се, дај си, за да дадеш…
Престани да се правиш некој кој не си
Ако се обидуваш да им се допаднеш на другите, осуден си на пропаст. Секогаш ќе има луѓе кои ќе те критикуваат и такви на кој ќе им се допаѓаш. Но ако си она што си, ќе бидеш сакан од вистинските луѓе.
Престани да гледаш во минатото
Така само го попречуваш животот сега и се откажуваш од една подобра иднина.
Престани да се обидуваш да бидеш безгрешен
Вистината е, дека единствениот начин да постигнеш нешто е кога ќе згрешиш доволно многу пати.
Престани да се обидуваш да си ја купиш среќата
Ако не се научиш да бидеш среќен внатре во себе, нема да си вистински среќен, дури и да го имаш најскапиот автомобил, облека и накит, најегзотичните патувања и најпрекрасните луѓе… Бидејќи нема да имаш срце, со кое ќе ги цениш.
Престани да бидеш нерешителен
Престани да го мислиш и едноставно направи го. Ако не се случи, сигурно нешто ќе научиш.
