Motherhood

Каков е твојот карактер? На жена или на девојка

Жена или девојка…Можеби во ликот на секоја претставничка на понежниот пол живее по малку од двете, но која преовладува во секоја од нас?

Следните редови ќе ни помогнат да дознаеме.

Ова се разликите помеѓу една жена и една девојка. Можеби тие ќе ви дадат одговор на тоа зошто секогаш привлекувате момчиња или пак обратно – зрели мажи.

Една госпоѓица избувнува лесно кога е незадоволна, вознемирена или лута. Агресивна е и реагира како дете кое не ја добило играчката која ја сакало. Вистинската жена од друга страна ги изразува емоциите поконструктивно. Таа не крие дека била повредена или разочарана, но е доволно емоционално интелигентна, за да ги стави картите на маса и да каже што не е во ред.

Една девојка се гледа себе си како принцеза и верува дека луѓето треба да се однесуваат со неа како со таква. Таа е крунисана и затоа треба да добива повеќе отколку да дава. Жената, пак, има стандарди, сопствени вредности, до кои држи, а не очекувања кои ги проектира врз другите луѓе.

Девојката ја користи физичката убавина како размена на валути, за да го добие она што го сака во животот. Жената од друга страна сваќа дека поседува и многу други вредности. Таа се потпира на својот интелект, сила, способност, хуманост…

Една девојка гледа на мажот како на нејзина финансиска стратегија. Жената гледа на себе си како на своја финансиска стратегија. Таа планира како да биде финансиски независна. И не дека не сака до себе амбициозен и финансиски стабилен партнер, само што работата е дека за неа ова е бонус, а не барање.

Девојката гледа во она што и недостасува. Таа се натпреварува, интригира и е подготвена дури и да ги гази “зависниците” на патот, за да си обезбеди партнер или други ресурси за егзистенција. Вистинската жена за возврат им помага на другите жени. Таа знае дека за неа има доволно и секогаш го избира главниот пат, а не оној на подмолните игри.

Една девојка не се занимава со домаќинска работа и е горда на фактот, дека не може да чисти и да готви! Жената знае дека да се биде домаќинка не е обврска, туку начин да се грижиш за себе и за другите околу себе. Таа исто така знае дека ако сака да има семејство, вештината да создава атмосвера е многу важна.

Девојката сака внимание, а жената почит. Една девојка има потреба да биде обожавана од мнозина, а жената копнее за љубовта само на еден, посебен човек.

Една девојка не го почитува своето тело. Таа пази на скап накит, облека, чанти, чевли… А жената на прво место, пази на своето здравје.

Жената го инвестира времето во нешта кои ќе ја претворат во човек кој сака да биде. Таа ги осмислува неговите вредности, таа е конзистентна во извршувањето на своите соништа. Девојката, пак, нема основани вредности. Таа не знае што сака, нема морален компас и затоа е неконзистентна. Откако ќе поминете време со неа, се чувсвувате исцрпени. Моментите во друштвото на жената пак, ве прават да се чувствувате збогатени. Бидејќи таа ве полни со страст за животот!

Висок, богат, популарен, да носи кул гаредроба... Девојката си гради површинска слика за нејзиниот маж од соништата. Жената ги зема предвид надворешните квалитети, бидејќи тие ја покажуваат почитта што мажот ја има кон себе, но за неа тие не се дефинираат. Таа им дава приоритет на моралните карактеристики. Интелигентен, мил, емоционално зрел… Таков маж би заинтригирал вистинска жена.

Една девојка игра игри. Една жена не! Ако сите наведени работи до тука се малку или многу релативни, тогаш по овој критериум сигурно можете да ја познаете вистинската жена. Бидејќи вистинската жена, држи до вистинските односи!

Write A Comment