ОВОЈ МИГ Е ТВОЈОТ ЖИВОТ.-Твојот живот не е она што ти се случува помеѓу твоето раѓање и твојата смрт. Твојот живот е помеѓу ова СЕГА и твојот следен здив. Сега-овде и сега – е сето она што го сочинува твојот живот. И затоа живеј го до крај, во добрина и мир, без страв и каење, и најдобро што можеш со она што го имаш во овој миг.
ЖИВОТНИОТ ВЕК НЕ ТРАЕ ДОЛГО.-Ова е твој живот, и ти самиот мораш да се бориш за него. Бори се за своите права. Бори се за она што го сакаш. Бори се за луѓето кои ги сакаш, и секогаш потсетувај ги колку ти значат. Свати дека во овој миг си многу среќен само затоа што имаш шанса. Застани за миг и размисли. Што уште ти остана да направиш, направи го денес. Утре можеби нема да дојде.
КОГА ОДОЛГОВЛЕКУВАШ МУ СТАНУВАШ РОБ НА МИНАТОТО. – Но кога си проактивен, тоа е како минатото да ти помага да го исфрлиш теретот од грбот. И заради тоа направи нешто веднаш денеска поради што твоето утре ќе ти биде благодарно. Тоа е така, утре ќе бидеш среќен само заради тоа што денеска нешто си почнал.
ПОРАЗИТЕ СЕ САМО ЛЕКЦИИ. – Добри работи им се случуваат на оние кои сеуште се надеваат и покрaj разочарувањето, на оние кои сеуште веруваат и покрај поразите кои ги искусиле, оние кои сеуште сакаат и покрај тоа што биле повредени. И затоа, НИКОГАШ НЕМОЈ ДА СЕ КАЕШ ВО ЖИВОТОТ, тој не може да се промени, да се врати или да се заборави. Свати го тоа како една лекција и продолжи храбро понатаму со својот живот.
ЗАД СЕКОЈ УБАВ ЖИВОТ, ПОСТОЕЛА НЕКОЈА ВРСТА НА БОЛКА. – Паѓаш, стануваш, правиш грешки, живееш, учиш. Човек си, не си совршен. Си бил, но сеуште си жив. Помисли само на тоа каква привилегија е да бидеш жив – да дишеш, да мислиш, да уживаш, и да тежнееш кон работите кои ги сакаш. Понекогаш има тага во нашето патување, но исто така има и убавина. Ние мора да продолжиме да чекориме, дури и кога боли, инаку никогаш нема да дознаеме што се крие таму зад аголот.
