Секоја жена си има свои индивидуални разбирања и параметри што треба да претставува и како треба да изгледа еден вистински маж. Токму затоа и тешко би можеле да дадеме универзална дефиниција за него. Но пак барем сме сигурни што никогаш не би направил вистинскиот маж и претпоставуваме дека повеќето дами ќе се согласат со овие работи.
Еден вистински маж никогаш нема:
Да посегне на жена!
Да лаже и манипулира, само за да добие секс.
Да чека на родителите или партнерката да го издржуваат.
Да вовлекува блиски во интриги и да ја пренесува вината на друг.
Да престане да се интересира за детето по разделбата со неговата мајка.
Да носи фармерки со висока половина.
Да ја остави жената преку порака или посредник.
Да спие со жена, а потоа да се фали со “постигнувањето”.
Да предаде пријател заради лични интереси.
Да не ги почитува родителите.
Да ги минува деновоите во пиење алкохол.
Да обвинува се и секој за сопствените неуспеси и положба.
Да не се извини кога постапил погрешно.
Да изјави дека местото на жената е во кујната.
Да си дозволи груби манири во однос со жена. Тој не би и викал и не би ја навредувал, особено пред други луѓе.
Да го наметнува своето мислење без воопшто да се интересира за гледната точка на другите.
