Motherhood

Неколку најчести заблуди за децата

Британскиот новинар Тим Лот, татко на четири деца, го составил овој мал водич за оние кои размислуваат да станат родители. Малку мудрост, малку факти, малку сарказам и, очигледно многу искуство. Отрезнувачки или обесхрабрувачки? Прочитајте и проценете:

Децата се разумни.

Децата се луди. Не се обидувајте да ги вразумите.

Децата се глупави.

Децата се многу паметни. Бидејќи продолжуваат да ги поставуваат прашањата од кои ние возрасните сме се откажале.

Децата сакаат да им бидете пријател.

Не тоа не го сакаат. Децата сакаат да им бидете родител.

Децата обрнуваат внимание на она што го зборувате.

Не, тие не го прават тоа. Обрнуваат внимание на она што го правите.

Најголемиот страв на децата е стравот дека ќе умрете.

Не е. Децата најмногу се плашат дека не се достојни за вашата љубов.

Децата сакаат да трошите многу пари на нив.

Не. Децата сакаат да трошите многу време на нив.

Децата реагираат на критиките и казните.

Не, само ве мразат заради тоа.

Вие сте одговорни за тоа какви ќе станат вашите деца.

Не сте. Децата се формираат многу повеќе сами отколку што ги формира светот околу нив. Затоа вашите деца се разликуваат меѓу себе во таа мерка.

Како вашите деца растат, полека ги губите.

Не, само стануваат поскапи.

Тоа што сте ги подигнале своите деца, сте им дале дом, сте ги потрошиле сите пари на нив, сте ги сaкале и штителе, значи дека тие нешто ви должат.

Не, не ви должат. Или барем тие така мислат.

 

 

Write A Comment