Мојата кујна

Чоколадна пита

ПОТРЕБНИ СОСОТОЈКИ:

* 125гр брашно

* 1 лажица какао

* 60гр путер

* 60гр шеќер

* 1 јајце

* 30гр стопено чоколадо

ЗА ПОЛНЕЊЕ:

* 200гр стопено чоколадо

* 300мл слатка павлака

* 50мл млеко

* 2 јајца

* 100гр шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Измешајте ги брашното и какаото. Изматете ги путерот и шеќерот. Додадете ги јајацта и стопеното чоколадо. И се добро измашајте.
  • Додадете ја смесата со брашното и добро измешајте. Оставете ја да отстои 30 минути.
  • Развиете тесто и ставете го во округол плех за печење со пречник од 25см. Нека отстои во фрижидер околу 15 минути.
  • Загрејте ја рерната на 210 степени. Тестото покриете го со фолија и печете го оклу 15 мнути. Извадете ја фолијата и печете уште 5 минути. Оставете да се олади.
  • Намалете ја температурата на 170 степени.
  • Околу 1/3 од стопеното чоколадо премачкајте врз тестото. Варете ги млекото и павлаката додека не зовријат, а потоа додадете го останатото стопено чоколадо.
  • Изматете ги јајцата и шеќерот и додадете го чоколадниот крем. Ставете ја смесата во калап и печете околу 45 минути на 170 степени.

Write A Comment