На два часа оддалеченост од бучната Манила, се наоѓа Липа Сити. Иако не е популарна туристичка локација, во неа е сместено едно од најдобрите велнес одморалишта – The Farm at San Benitо.
Aко прочистувањето со природни сокови веќе не делува, подигнете го велнесот на повисоко ниво, токму во Липа. Повлечете се на Фармата за индивидуално скроени програми за вегетаријанска исхрана, јога, медитација и холистичка медицина. Вратете се дома физички, емоционално и спиритуално прочистени.












