Во целосен контраст на последните неколку “обоени” сезони во модата за домот, оваа сезона настапуваат црното и белото. Кога зборуваме за црно и бело во домот, повеќето луѓе си замислуваат строги студени соби во кои живеат луѓе кои се лишени од секакви емоции.
Комбинацијата меѓу црно и бело всушност е многу позитивна, свежа и вдахнува живот, посебно кога како основа има некоја трета боја како розово или зелено.

Пролетно црно. Можете да се убедите сами како зелената боја на ѕидот им придава сосема нов вид на црно-белиот мебел.
Римско бело. Белите столбови, камини и воопшто, се е камено и бело. Тоа секогаш напоменува за величествениот Рим. Духот на времето на Антониј и Клеопатра може да го пресоздадете со тоа што ќе го бојадисате каминот во црно и бело.

Категорично “Добредојде”. Исклучително свежа комбинација помеѓу сини ѕидови и црно-бела врата. Од надворешната страна на станот црно-белото ќе значи сека во тој дом живеат строги и решителни луѓе. Какво поголемо изненадување од тоа. Кога ќе влезат внатре да видат дека таму живеат весели луѓе кои само решиле така строго да ја бојадисаат вратата.

Два светови. Ако и пред вас била дилемата “каква боја треба да биде завесата помеѓу две соби кои се во различна боја”, знаете колку тешко е да ја избереш соодветната.

А зошто да не пробате со црно бела?
Јасни односи. Црно-белата спална ќе ви ја заживее страста. Ако не го делите креветот со никого, можете да правите варијации со дополнителна боја според сопствена желба.

Стилски неред. Секој нов шкаф го отвора прашањето: “А сега што ќе ставиме тука?” За да не излезе дека после кратко време шкафот ќе прелива во разни бои, фокусирајте се на црно белите детали.

Бели, големи чинии и мали црни, совршено.
