Депресијата е еден од најчестите емотивни нарушувања во денешно време. Се манифестира во неколку степени: од чувство на тага до зголемена мизерија и потиштеност. Депресијата е многу непријатна душевна болест и е многу потешка борбата со неа за разлика од физичките болести. Зголемената комплексност на модерниот живот и неговите кризни елементи кои ние ги доживуваме како ментален стрес и борба со секојдневниот живот, вообичаено водат кон појава на овој вид на нарушување.
Причини и симптоми
Највлијателните симптоми на депресија се акутно чувство на загуба, необјаснива тага, загуба на енергија, недостаток од интерес во светот и исцрпеност. Нарушениот сон е честа појава кај оваа болест. Другите симптоми на депресија се губење на апетит, вртоглавица, чешање, гадење, беспокојност, неразумност, импотенција или фригидност, констипација, болки во телото, недостаток на концентрација и нерешителност. Случаи на интензивна депресија можат да бидат карактеризирани со симптоми како ниска телесна температура, низок крвен притисок и треперење.
Продолжени периоди на грижи и вознемиреност како и тензија можат да предизвикаат ментална депресија. Дополнителната и несоодветната употреба на лекови исто така води кон погрешна асимилација на витамините и минералите во телото и крајната цел е појава на депресија.
Природни додатоци во исхрана
Јаболко
Јаболкото е еден од најкорисните лекови за ментална депресија. Различните хемиски супстанци кои се присутни во ова овошје како што е витаминит Б5, фосфорот и потасиумот помагаат за синтезата на глутамичната киселина која го контролира составот на нервите. Ова овошје треба да се зема со млеко и мед. Овој лек делува како нервен тоник и ги надополнува нервите со енергија и живот.
Индиски орев-кашу:
Кашу е уште еден корисен лек за општата депресија и нервната слабост. Богат е со витамините од групата Б, особено тиаминот кој е корисен за стимулација на апетитот и за нервниот систем. Исто така богат е со рибофлавин кој го одржува телото активо,весело и полно со енергија.
Аспарагус:
Коренот од аспарагус се смета за корисен за третирање на депресија. Тој е високо хранлив и се користи како хербален лек за ментални нарушувања. Исто така е добар тоник за мозокот и нервите. Еден до два грама од правта на сувиот корен од ова растение се зема еднаш дневно.
