Prison brake

Човекот магнет: Лажиците сами се лепат за неговото тело (Видео)

Eтибар Елчејев (41) поранешен кик-боксер од Грузија го собори сопствениот, а воедно и светскиот рекорд, во бројот на лажички кои може да ги залепи на своето тело. Благодарејќи на својата магнетска моќ, Елчејев на градите залепил 53 лажици.

Некогашниот кик-боксер со тоа го подобри својот рекорд. Според неговите зборови, тој нема намера да се откаже, а во иднина планира да ги помести границите со нови предизвици.

–          Планирам да поместам авион и воз со празни вагони. Сепак, не сакам да откријам се наеднаш – вели Елчејев кој објаснува дека лажиците ги привлекува благодарејќи на неговата природна магнетска моќ.

Printskrin:YouTube/Etibar Elčejev

Write A Comment