Во студенава зима, ви приложуваме вкусен крем од ванила со портокали:
За кремот:
- 3 портокали
- Желатин
- Слатка павлака
- Кисела павлака
- Екстракт од Ванила
- Мед
- Суво грозје
- Шеќер
Се цедат три портокали и во нив се ставаат пет големи лажици желатин, се меша за да се згусне. Во сад на оган се става слатка павлака 300 грама и половина шоља шеќер. се додаваат три лажици ванила. Се меша додека не се соединат. Се додава грчки јогур или павлака и се меша додека смесата не се хомогенизира. Потоа се додава смесата со портокалите и желатинот. Се сервира во чашки и еден ден пред да се сервира се става во фрижидер. Се земаат портокали колку што има чашки и се сече кората со нож, да не остане од горниот дел на веќе излупен портокал. Помеѓу парчињата се сецкаат делчиња и се става во сад. Откако ќе се стават така, се става две големи лажици мед, суво грозје, малку шеќер и по желба рум или шери. Се меша и се става саат време во фрижидер пред да се сервира.
