Според експертите авокадото го намалува чувството на глад пемеѓу оброците. Половина авокадо пред ручек го задржува чувството на ситост подолго.
Истражувањето спроведува ручек, комбиниран со авокадо и оброк во кој авокадото отсуствува. Резулататите покажуваат дека авокадото стимулира чувство на ситост, го регулира инсулинот во телото и циркулацијата.

Научниците го спровеле испитувањето на 26 лица со прекумерна тежина. Луѓето кои со ручекот консумирале половина од плодот, останале сити следните три часа од денот.
“Да не останеме гладни е важен услов, ако сме решиле да ги намалиме килограмите. Затоа е убаво секогаш да се чувствуваме сити за време на нутритивниот режим. Покрај тоа што е соодветно за диети, авокадото е и многу корисно”, вели нутриционистот Џон Сабат.
