Пред вас се неколку совети по бурна ноќ во дружба со алкохол.
Во борбата со главоболката и мамурлокот, заморот и… повраќањето, треба да примениме соодветна “тактика“. Некои кажуваат да се продолжи со пиење, додека други се лечат со сон, а некои препорачуваат суво грозје. Но, стручњаците советуваат, после бурната ноќ, да заборавите на омиленото утринско кафе, бидејќи кафето уште повеќе го дехидрира организмот. Исто така, избегавајте ја примамливата храна која сте ја консумирале во текот на вечерта, како и мрска храна, тешки и обемни оброци. Најважно е да се пие многу вода и да се јаде салата.
