ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 3 јајца
* 12 лажици шеќер
* 12 лажици масло
* 12 лажици млеко
* 15 лажици брашно
* 1 пециво
*1/2кг јаболка
* шеќер во прав за попрскување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Направете смеса од јајца, шеќер, брашно, масло, млеко и пециво. Јаболката изрендајте ги и по желба додадете цимет. Половина од смесата ставете во калап и ставетe ја да се пече 15 минути на 180 степени. Откако ќе се испече извадете ја од рерна и врз неа додадете ги ренданите јаболка, а врз јаболката останатиот дел од смесата и вратете ја во рерна уште 10 минути. Печениот колач попрскајте го со шеќер во прав.

1 Comment
torta