ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 6 јајца
* 200гр шеќер
* 150гр мелени ореви
* 5 лажици мелени бисквити
* 3 поголеми портокали
* 4 редови чоколадо
ЗА ПРЕЛИВОТ:
* 150гр чоколадо
* 0,5-1дл вода
* 100гр путер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Портокалите заедно со кората иситнете ги во блендер.
Жолчките изматете ги заедно со шеќерот, додадете ги оревите и измешајте.
Со постојано мешање постепено додавајте ги и мелените бисквити, иститнетите портокали и истопеното чоколадо.
Посебно изматете ги белките, додадете ги во претходната смеса и измешајте со дрвена лажица.
Смесата ставете ја во плех претходно попрскан со брашно и печете на 180 степени околу 20 минути.
За преливот зовриете вода со шеќер, отстранете ја од огнот, додадете ги чоколадото и путерот и мешајте се додека смесата не се соедини.
Со добиениот фил, полиете го колачот и ставете го во фрижидер за добро да се олади. На крајот исечете го на коцки.
