Мојата кујна

вкусно и едноставно: Печени компири со крцкава кора

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 400гр полусварени компири

* 100гр стопен путер

* 2 јајца

* 6 лажици брашно

* 2 лажици масло

*40гр рендан кашкавал

* 1 врска магдонос

* сол по вкус

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ги лупиме компирите.
  • Во сад ги матиме јајцата заедно со брашното и сол по вкус. Ги додаваме путерот и маслото.
  • Ги ставаме компирите во формички за мафини и секој одделно го полеваме со добиената смеса.
  • Поросуваме со кашкавал.
  • Печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 35-40 минути или додека не се добие златна коричка.
  • Откако ќе ги извадиме од рерната, ги посипуваме со ситно сецкан магдонос и сервираме.

Write A Comment