Мојата кујна

Брз чоколаден колач готов со три потези

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 јајца

* 2 филџани рендани јаболка

* 1 филџан шеќер

* 1 филџан гриз

* половина чаша интергрално брашно

* 1 филџан мелени ореви/бадеми или лешници

* 1 филџан млеко

* 0,5 филџан масло

* 1 лажица какао

* 1 пециво

* 100гр вишни (не е обавезно)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Јајцата изматете ги со шеќерот – да станат како пена. Додадете го млекото, маслото и какаото. Измешајте. Потоа додадете ги јаболката, оревите, гризот, пецивото и вишните. Се полека измешајте, да се соедини. Смесата ставете ја во калап и печете на 180 степени. Со помош на чепкалка проверете дали колачот е печен.

ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ:

*100гр чоколадо

*70гр путер

ПОДГОТОВКА:

  • Маслото и чоколадото стопете ги на пареа. Додека колачот е сеуште топол полиете го со преливот. Оставете да се излади.

2 коментари

Write A Comment