Елен кој се заглавил во снегот во источен Тирол во Австрија, сигурно би се смрзнал, да не го приметеле група скијачи.
Тројца скијачи приметиле рогови како ѕиркаат од снегот и веднаш почнале да копаат.
Тие копале со рацете и со лопата, а кога од снегот се појавила глава на животно, врзале јаже околу нејзините рогови.
Со помош на јажето еленот го извлекле.
Со себе носеле камера со која го снимиле спасувањето.
http://www.youtube.com/watch?v=9M1TeNIUr7Q
