Поранешниот претседател на Барселона, поради „случајот Нејмар“, поднесе оставка на функцијата, откако беше објавено дека трансферот изнесувал 97, а не 57 милиони евра како што тврдеа од клубот.
Шпанскиот „Ел Мундо Депортиво“, претходно објави дека во договорот кој Барселона го потпишала со Нејмар, детално биле прикажани милионските суми кои биле наменети за семејството на фудбалерот, а кои досега беа скриени.
