Златниот медал го освојуваат украинките баш кога во нивната земја се водат неколкудневни крвави судири, а во знак на протест, половина од украинските спортисти го напуштија Сочи. Вита Семеренко, Јулија Џима, Ваљ Семеренко и Олена Пидрушина, победија со време од 1:10:02.5 часа, со што на Украина и го донесоа првиот златен медал во Сочи, а вкупно втор на Игрите.
Украинките ја прекинаа доминацијата на Русинките во оваа дисциплина, кои го освојуваа златниот медал во Торино (2006) и Ванкувер (2010).
Сребрениот медал го освои Русија, за која настапија Јана Романева, Екатерина Шумилова, Олга Вилухина и Олга Зајцева, додека на третото место се најдоа Норвежанките Тора Бергер, Тиртил Екхоф, Ан Кристин Оферд и Фани Веле-Странд Хол.
