Баерн Минхен го брани трофејот во Лигата на шампиони, а во минатогодишното полуфинале со вкупни 7:0 ја елиминира Барселона.
„Баерн е најголемиот фаворит за титулата во Лигата на шампиони. Играат одлично, лидери се во Бундеслигата. Покрај тоа одлично играат во Лигата на шампиони“, изјавил Мартино на прес-конференцијата пред првенствениот натпревар на Барселона со Реал Сосиедад.
Во првиот осминафинален натпревар во ЛШ, Барселона во Манчестер го победи Сити со 2:0, додека Баерн со ист резултат го совлада Арсенал во Лондон.
Минатата недела Карло Анчелоти, го посочи Баерн како фаворит број 1 за титулата во елитното натпреварување.
