Прашањето дали силиконите се штетни за нашата коса, или напротив се (корисни), хранливи, години наназад се предмет на жолчни расправи меѓу жените, а и фризерите. Околу тоа прашање и ден денес стручњаците не можат да донесат никаков конкретен заклучок, но факт е дека – силиконите се присутни на нашите полици, и ние секојдневно ги користиме како составен дел од производите за нега на косата.
Што всушност се силиконите?
Силиконите се збир од полимерни органосиликонски соединенија, а се добиваат со комбинирање на хемискиот елемент силициум кој во својот природен состав го има земјата, со кислородот, водородот и јаглеродот. Со таквите комбинации се добиваат многу видови и концентрати силикон. Освен во козметиката за кожа и коса, силиконите се користат и како лепила, масла, медицински помагала (инпланти за гради, леќи за очи….), а во прехранбената индустрија како одличен изолатор на прехранбените производи и уште за многу други цели.
Дејство на силиконите
На нашиот пазар силиконите се присутни во многу производи за коса. Во шампоните, регенераторите, третманите, течностите за расчешлување, маслата за коса како и наменските силикони за коса. Но во самиот состав на производот дозволено е да се наоѓа максимално 15 % од соединенијата на силиконите. Нивната улога е да ги прекриват влакната со тенок хидрофобен слој кој ја штити косата од сите надворешни влијанија, го намалува впивањето влага од надвор, а го намалува губењето на природната влага и создава заштитен слој кој на косата и дава сјај и мекост. Со тоа нам ни се потврдува фактот дека силиконите и помагаат на нашата коса да остане здрава, сјајна и пријатна за допир.

Видови силикони
Денес секој производител има право на избор кој силикони ќе ги употребува за своите производи. Некои лесно се симнуваат со плакнење на косата со шампон и вода, додека други пак формираат талог околу влакното бидејќи не се стопуваат со водата. Тоа се силикони кои се именувани како dimethiconi и simethiconi. Тие со секое нанесување на косата ќе формираат обвивка околу влакното кој со тек на време ќе почнат да го гушат самото влакно. Затоа е многу важно пред да се нанесе нов силиконски производ на косата, претходните остатоци детално да се исчистат од косата. Силиконите од типот cyclomethicon s и benzyl salcylat се основни „носачи“ кои лесно се плакнат и отстрануваат од косата.
Што треба да правите?
Не грижете се, не морате да се откажете од вашите скапоцени шишенца. Соберете ги на куп и проучете го нивниот состав. Ако во нив има мал процент од погоре наведените cyclomethicon s i benzyl salcylat, не мора ништо да преземате. Тие успешно ја штитат косата, а и самите се отстрануваат со секое миење. Ако пак силиконите се од типот на dimethicon и simethicon, тие уште повеќе ја штитат косата; го зголемуваат чувството на здрава и негувана коса, но потребно е секогаш на неколку пати претходно да се измие косата со шампоните од палетата на BC Deep Cleansing, како и да се направи пилинг со препаратот од палетата на BC Preshampoo peeling. Со тоа косата е подготвена и чиста за нанесување нов слој на силиконски препарат.

Што не советуваат експертите???
Шампоните и регенераторите кои содржат силикони немојте да ги користите за секојдневно миење на косата, туку само за повремено полесно расчешлување и хранење на косата. Маските по правило содржат мала концентрација силикони, и тие не се користат за секојдневна употреба и со тоа не прават задушување на влакното. Производите за завршно стилизирање, ако содржат силикон, употребувајте ги умерено, во мали количини, но запаметете дека после тоа треба да направете детално чистење на косата.
Тие содржат голема концентрација силикон, тоа ќе го почувствувате и самите колку косата е мазна и блескава, но ако по некое време не го симнете талогот од косата таа ќе изгледа без живот без сјај и замастено. Потоа настапува кршење на влакната на деловите каде талогот е насобран и тогаш ни еден силикон не ќе може да ни помогне да ја поправи сторената штетата. Мој совет е сите тие креми и течности ги замените со BC Oil производите бидејќи во себе содржат многу ниска концентрација на силикон и се базираат на врвна комбинација од разновидни масла и со тоа даваат комплетна заштита, сјај и храна на косата.
